Здраво на сите како што веќе знает
е од предходните наши блогови ние пријавивме филм на Државниот натпревар во соработка со АЕУ ФОН на Образовното Рандеву МАССУМ.
Нашиот филм ги исполни очекуваните резултати:
Режисерот на филмот Дарко Соколески како и наш генерален директор изјави:
Натпреварот се одржа на 23 и 24 Април имав очекувања за филмот знаев дека ќе бидиме во некое од првите три места на деот на натпреварот ние како екипа го скршивме мразот и ја отворивме сесијата за филм така да го презентиравме филмот и од жири комисијата добивме многу добри коментари а исто така и некои работи на кои треба да поработиме за следната година.
На прашањето дали сте задоволен од овој успех тој ни одговори:
Секако дека да, но мора да одиме понатака и да целиме кон прво место во иднина.
Главниот лик во филмот Димитар Дуноски ни одговори на наеколку прашања:
Кои беа вашите очекувања и дали сте задоволни од филмот?
Да моите очекувања беа исто така големи очекував 1 или 2 место но и ете зедовме заслужено второ место поточно сребрен медал. Од филмот сум презадоволен во смисла на актерската игра од моја страна можеше да биде подобра но секој филм секогаш може да се направи поубаво.
Дали сте спремни за нови победи следната година?
Нормално дека сме за тоа и очекуваме прво место идната година.
Ерол Брзев како спореден лик оваа година исто така ни даде одговор на неколку прашања:
Кои беа вашите очекувања за филм?
Моите очекувања за филмот беа дека филмот ќе влезе во првите три места.
Дали сте задоволни од успехот на филмот?
Да секако но може и подобро.
Исто така го прашавме и менторот на овај проект Проф. Перчо Божиноски да ни даде мислење на што тој одговори:
Вредните ученици ни покажуваат како може да се биде друг човек и лошите односи и ситуации во минатото да се променат. Никогаш не знаеме каде ќе нѐ однесе животот. Другиот човек во секој е виновен за сето добро што не го направил. Биди промената и другиот човек, носител на низа промени во општествениот живот кои сакаш да ги видиш во светот!
Филмот може да го погледнете овде:
Comments
Post a Comment