Здраво на сите,
Добредојдовте на блогот на The Golden Eagle Production. Првенствено се надевам дека сите сте во добро здравје бидејќи тоа е она најважното во моментов. Многу ми е драго што Дарко и целата продукција ми ја дадоа честа прв да го изнесам моето мислење за нивниот најнов филм насловен „Друг човек“ јавно. Уживајте во читањето и напишете го вашето мислење за филмот во коментарите!
Моето мислење ќе го изнесам хронолошки, па ајде да започнеме. Првенствено за интрото односно влезот во самиот видео запис е доста професионален и сметам дека е вложен огромен труд за истиот. Сите транзиции и анимации се одлично направени и со сигурност можам да кажам дека оваа продукција е една од ретките кај нас на нашата сцена којашто вложува труд во деталите што мене посебно ми привлече внимание бидејќи сите што ме следат мене знаат дека сум опседнат со деталите и со тоа се да е совршено направено. Едноставно сметам дека за да правиш нешто, ако веќе имаш желба и намера треба да дадеш максимум и тоа да биде 200% бидејќи само на тој начин се успева и публиката тоа сака да го гледа. Никој не сака да дојде и да види до пола направен сајт или видео без интро и аутро или грешки во говорот. Второ нешто кое ми се допадна беа акторите и нивниот начин на глума и стил на облекување. Сметам дека филмот е доста реален и дека има многу такви случаи во вистинскиот живот особено во нашата држава. Исто така во врска со стилот на облекување ми се допадна тоа што акторите го носеа она што иначе би го носеле тинејџери и генерално луѓе кај нас - и од тоа можат да се согледаат многу работи на пример начинот на размислување на нашите луѓе итн. Од аспект на монтажа ми се допадна осветлувањето, аглите од кои што беа снимени клиповите, аудио звукот беше одличен и транзициите. Едноставно преку овие детали може да се види вложениот труд во овој проект. Ми се допадна моментот со маските во текот на првите неколку минути од филмот. Позитивното влијание коешто се врши со цел да се подигне нивото на свесноста е одлично и сметам дека сите влијателни личности треба да промовираат такви детали.
И за крај сметам дека финалната порака којашто ја пренесува ликот на Дарко Соколески, е многу длабока и јака за оние коишто ќе ја сфатат на вистинскиот начин, а за тоа ќе оставам да размислите вие....
Се надевам дека моето мислење за филмот ви се допадна, а вие напишете го вашето во коментарите!
ТУКА ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ФИЛМОТ
Link's:
https://emrahjusufoski.com/
Comments
Post a Comment